Пејачката Андреана Чекиќ за прв пат по намалувањето на градите позираше со новиот изглед. Андреана Чекиќ е една од ретките која наместо да вгради силикон, ги намали природните гради.
Како што пишуваат медиумите, пејачката оваа процедура ја направила кон крајот на јуни, а сега за прв пат се појави со ново деколте на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Андреана, да потсетиме, долго време ја мачеше проблемот со бујните гради и конечно реши да ги намали.
-Андреана ги намали природните гради бидејќи некое време имаше проблеми со ‘рбетот, а мислеше дека малку помали гради подобро ќе и прилегаат и дека ќе се чувствува подобро во секоја смисла – изјавил тогаш извор за Телеграф.
– Операцијата ја направи пред повеќе од еден месец, темпираше да биде пред шпицот летниот период кога пее речиси секој ден. Закрепнувањето помина навистина добро, таа се чувствуваше навистина одлично веќе неколку дена по процедурата. Сега е многу среќна – истакна тогаш изворот.
Вистинската можност да ги покаже своите облини е токму на море, а бидејќи Чекиќ моментално е во Грција, таа ги почести своите обожаватели со провокативни фотографии.
View this post on Instagram
Фото: Print Screen/Instagram/andreanacekic