Наследничката на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ сними дуетска песна со уште една млада пејачка.
Анастасија Ражнатовиќ се враќа на музичката сцена по долга пауза која пред неколку месеци ја мина во Севиља со сопругот Немања Гудеља и на големо изненадување на публиката сними дует со Елена Китиќ.
Тие две, пишува Телеграф.рс, песната ја отпеале во студио пред неколку дена, а оние кои имале можност да ја слушнат велат дека е одлична и дека овие две млади девојки се вистинскиот спој.
View this post on Instagram
Иако се шпекулираше дека Анастасија ставила точка на снимањето на нови песни, вистината е поинаква, на радост на сите оние кои сакаат се што досега направила наследничката на Цеца.
фото: printskrin/instgaram