Богдан Срејовиќ и Јована Љубисављевиќ си ветија дека нивната љубов ќе трае вечно, а сега ја потврдија најдобрата вест – доаѓа бебе!
Јована на својот Инстаграм објави фотографија од ултразвукот и најави нов член на семејството Срејовиќ, а потоа реагираше и Анастасија Ражнатовиќ.
Имено, ќерката на Цеџа меѓу првите ја лајкувала објавата со радосната вест.
Да потсетиме, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решија да стават точка на нивната емотивна врска во 2022 година, по една година врска, а Анастасија не криеше дека Богдан и е драг дури и кога тој беше емотивниот избраник на нејзината мајка.
фото: printscreen/instgaram