Промотер

Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе ја претстауваат Македонија на Детска Евровизија 2024 со песната – „Маратон“ (ВИДЕО)

Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски ќе ја претстауваат Македонија  на Детска Евровизија 2024 со песната – „Маратон“ (ВИДЕО)

В икендов МРТ ја промовираше песната ,,Маратон” со која Македонија ќе учествува на Детската Евровизија во Мадрид, Шпанија, на 16-ти ноември, годинава.

Песната „Маратон“ ќе ја изведат Ана Ванчевска (14) и Алексеј Ивановски (13) од Битола, кои беа избрани на аудиција организирана од јавниот сервис. Автор на музиката за ,,Маратон” е познатиот македонски композитор и хитмејкер Лазар Цветковски, а текстот е на неговата сестра и постојана соработничка, Магдалена Цветковска.

За истата е изработен видео запис во комплетна продукција на МРТ, кој се снимал на повеќе локации.

Инаку, ова ќе биде 22-ро издание на Детската Евровизија, а Македонија учествува од самиот почеток на ова евровизиско јуниор натпреварување.

Најдобар пласман на нашата земја е освоено петто место, а најлош – последно.

Како звучат и изгледаат нашите евровизски јуниор претставници во нивниот „Маратон“, проследете во продолжение:

 

To top