Откако Ана Стојанова замина да работи од Дубаи, велешката инструкторка се најде зафатена од виорот на не баш вкусните озборувања и коментари, кои одеа дури до таму дека тргнала да „се продава за дебели пари“! Коментарите дури преоѓаа и во лични навреди кои беа толку недолични, од типот: „Не е сапун да се потроши“!
Откако реши да им се одмазди на пишувачите, со тоаш то со слика име и презиме јавно ги објави нивните коментари кои ги нарече повеќе жални отколку смешни, Ана Стојанова онака налутена додаде: „Ич да не ви е гајле кој што прави, што работи и со кого е“!
Но нејзината лутина очигледно тука не застанала, зашто најверојатно се почувствувала длабоко навредена, па решила да оди понатаму. Инспирирана од последните написи сексапилната фитнес инструкторка решила уште пожестоко да ја продлабочи својата борба и тоа со… еротска естетика!

„И понекогаш се прашувам, дали финансиската слобода е таа што не прави похрабри за да не живееме под острите правила на ʼпосилниот полʼ и со мир и тишина да ги прифаќаме сите нивни навреди?!
Што мислите вие?! Инспирирана од последните актуелни вести за мене…
Едно знам, нема да застанам тука на оваа тема“ – споделила меѓу останатото фитнес инструкторката во постот покрај објавените фотографии на кои покажала „колку и се може“ со „тексас голотија“.
Претходно, на една од познатите плажи во Дубаи решила и тенот да го разубави…

Поточно, убаво да се исонча и потемни за да го спроведе она што подоцна ќе го подготви…

…Нејзината објава со „тексас голотија“ со која споделила ново парче еротска естетика.

Тенот темен, преку голите гради само тексас ремен наместо градник или некоја од нејзините маички, а на ваква фармерка Ана покажала дека не одат ниту гаќички!

Модна провокација како одговор на искажаната нетолеранција од „машките озборувачи“ или само уште една еротска фотсеанса за „плакнење очи“?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/annstojanova



