Познатата македонска фитнес инстѕрукторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова постојано е во трка со новите предизвици… Кои самата ги смислува или иако некаде ги видела, барем прва кај нас ги применува.
По шетањата низ светот на егзотични дестинации со својата „Пич армија“ (Армија праскички) како што самата ги нарече, дојде време за нешто поевтина варијанта која е наменета само за одредена целна група. „Фит предизвик за невести“ – ќе соопшти Ана во своите најнови Инстаграм видеовести!

Брзо, ефикасно, турбо слабеење, ставање во фит форма за само шест недели, за потоа невестата да најсилно да блеска на венчавката и свадбата, меѓу сите гостинки и гости, расположени и весели, слаби и дебели!

Интересна и навидум добра идеја, зашто ништо попривлечно од тенка, вита, фит невеста нема… Зашто сите погледи тој ден или таа вечер ќе бидат постојано вперени во неа, а и видеото од денот на кога рекла „ДА“ останува да ја потсетува за навека! Освен ако не дај Боже, нема брачна реприза! Ама и при евентуално репризно издание, пак во невестата ќе биде насочено сето внимание.

Башка, свадбениот ден бара баеги кондиција, зашто уште од утринските подготовки, па се до раните утрински часови на невестата ќе и треба сила! За сите официјални церемонии, за првиот валцер, за ора, чочеци, шизење на забавни хитови… И особено за првата брачна ноќ! Зашто, незгодно е да положиш на изглед, а уште на прва, да паднеш на кондиција!
Затоа Ана Стојанова решила да ги спастри сите идни невести, вклучувајќу се и себеси… Па јавно обзанани дека невеста же биде по четврти пат! Само во предизвикот, секако, а на невестите можат да им се приклучат и сите другарки, сестри, братучетки, тетки, стринки… само не другари!

„Има да се натегнеме сите у фустанот и ќе бидеме најубави“ – сликовито порачува фитнес инструкторката, при тоа во еден миг ветувајќи им и на младеженците „утешен предизвик“!

И сето ова супер звучи, освен ако не се појави еден мал „проблем“ уште во старт.

Неееее… не мислевме на тоа дека ова важи за свекрви и баби, туку што правиме со слабеењето и фит изгледот, ако невестата е веќе доволно поправена, оти е… „трудна до заби“?
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/annstojanova





