Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ е многу активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии од приватниот живот, а сега привлече големо внимание со својот стајлинг.
Имено, Ана сподели фотографии од својот одмор каде позира во кафен фустан со отворен грб и длабок шлиц, со кој не можеше да носи градник.
View this post on Instagram
Овој фустан ја следеше линијата на нејзиното извајано тело, а таа доби многу комплименти за својот изглед.
Спортистката се сликала и со сопругот Бастијан Швајнштагер додека биле насмеани. „Веќе ми недостасуваат тие летни зајдисонца“, напиша таа во описот на објавата.
фото: print Screen/Instagram/anaivanovic