Мегафон отворање на 54. издание

Ана Дурловски ќе го запали фестивалскиот оган на годинешниве „Мајски оперски вечери“

Ана Дурловски ќе го запали фестивалскиот оган на годинешниве „Мајски оперски вечери“

На 9 мај 2026 година, во Македонската опера и балет свечено ќе биде отворено 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“, кој традиционално претставува еден од најзначајните настани во културниот календар на земјата.
Отворањето ќе започне со изведба на „Триумфалниот марш“ од операта „Аида“, по што ќе биде запален фестивалскиот оган – симболичен чин со кој и официјално се означува почетокот на годинешното издание на фестивалот.

Оваа година, оваа чест ѝ е доверена на реномираната македонска оперска уметница Ана Дурловски, сопран со извонредна меѓународна кариера и едно од најистакнатите имиња на современата оперска сцена. Нејзиното учество во свеченото отворање претставува признание за нејзиниот уметнички придонес и афирмација на македонската оперска уметност на светско ниво.

„Мајски оперски вечери“ со децении ја негуваат традицијата на претставување врвни оперски продукции и уметници од земјата и странство, овозможувајќи на публиката незаборавни музички доживувања и афирмирајќи ја оперската уметност како важен дел од културниот живот.

To top