Соседите на пејачот Радиша Трајковиќ, Ѓани, изразија загриженост за неговото здравје откако му беа вградени пет стентови.
Ѓани беше хоспитализиран пред една недела, кога беше подложен на операција на срце. Неговата сопруга Слаѓана Трајковиќ разговараше со тамошните медиуми за инцидентот, додека неговите соседи од луксузната населба Белградски брег признаваат дека биле изненадени од веста за неговата здравствена состојба.

– Многу ми беше жал кога слушнав. Ѓани е крал, човек од народот, и сите го сакаме и почитуваме овде. Треба да се грижи бидејќи е веќе во поодминати години. Алкохолот и неуредниот живот, како и малкуто спиење поради работата, веројатно оставиле трага врз неговото здравје. Дефинитивно ќе ѝ кажам на Слаѓа да го поздрави ако ја видам – вели продавачката од пазарот што се наоѓа на приземјето од луксузната зграда каде што живее пејачот.

Слично мислење има и соседка која често го гледа пејачот во околината.

– Понекогаш го гледам кога излегува од зградата или кога се враќа од пат. Секогаш е весел и љубезен, никогаш не поминува без да се поздрави. Навистина нè растажи веста дека има здравствени проблеми, но верувам дека брзо ќе се опорави бидејќи е голем борец – изјави таа за Информер.
Инаку, Радиша Трајковиќ Ѓани и неговата сопруга Слаѓана живеат во луксузен стан чија вредност се проценува на речиси половина милион евра.
Foto: printscreen/Youtube







