Американската инфлуенсерка Аликс Ерл привлече внимание со фотосесијата за специјалното издание на „The Hollywood Reporter“, посветено на убавината.
На фотографијата, 25-годишната Ерл позира разголена пред сива заднина, додека со раката и долгата коса ги покрива интимните делови од телото.
Но, покрај фотографиите, внимание привлекува и нејзиниот деловен план. Во интервјуто зборува за сопствениот бренд за нега на кожа „Reale Actives“ и желбата да изгради кариера што нема да зависи само од популарноста на социјалните мрежи.
Ерл објаснила дека отсекогаш сакала сопствен бренд. Инспирација ѝ биле татко ѝ и неговите браќа, кои заедно изградиле градежна компанија.
Иако TikTok ѝ отворил големи можности, била свесна дека интернет-славата може брзо да помине. Токму затоа решила вниманието што го добива да го претвори во подолгорочна деловна приказна.
Зад брендот стои и нејзино лично искуство. Во видеото „The Making of Reale Actives“, објавено на нејзиниот официјален канал на Јутјуб, Ерл раскажува дека со години се соочувала со акни и чувствителна кожа. Вели дека токму незадоволството од агресивните производи и сложените рутини ја поттикнало да развие сопствена линија.
Идејата почнала да ја разработува уште во 2023 година. Во видеото го прикажува процесот зад производите: соработка со дерматолог, посети на фабрики, дизајнирање и тестирање, како и подготовките за кампањите. Така, покрај фотографиите и објавите што ја направија препознатлива, на публиката ѝ покажува и како изгледа создавањето бренд зад сцената.






