Секое време си носи своја убавина, остава спомени и изникнува емоции кои траат засекогаш.
ТВ водителкта Александра Илиевска својот белег пред јавноста го постави преку кулинарското шоу „Брза кујна“. Таа веќе одамна е дел од тимот на утринската програма на Канал 5 телевизија, но сепак остана препознатлива како Александра од „Брза кујна“.

Социјалната мрежа Фејсбук со секое прво виртуелно добро утро за тоа што има да ни покаже заедницата, редовно не навраќа низ врмето и поттикнува прелистување низ спомените.
Александра денес евоцираше спомени од пред 6 години кога заедно со шеф Марк и шеф Фиќо беа дел од тимот на „Брза кујна“.



-Некогаш… кусо напиша таа во описот, а кога шеф Марк го виде ова, веднаш се надоврза со коментарот- „Е па да… некогаш!“
Во „Брза кујна“ се сменија доста постави на шефови, а нешто помалку и на водителки. Единствено еден на иста позиција од тимот на црвените, си остана шеф Никола Миошковски.

Александра пред пет години во периодот на бременоста ,се тргна од камеите воопшто, за подоцна да се врати на нов работен ангажман од утринската „Здраво Македонијо“ каде е и денес.
фото: facebook/ Aleksandra Panovska Ilievska




