Иако денес важи за една од најуспешните и најомилени пејачки во регионот, Александра Пријовиќ не ги заборавила предизвиците низ кои поминала на патот кон славата.
Во една прилика, Прија се присети на периодот на натпреварување во „Ѕвездите на Гранд“, кој не беше само обоен со талент и амбиција, туку и со борба за која знаеја само нејзините најблиски.

– Мајка ми тогаш доби отказ. Таа жртвуваше сè за мене. Немавме пари, беше многу тешко. Никогаш нема да го заборавам моментот кога тетка ми ми испрати пари за да можам да купам фустан за следната рунда на изборот . Да не беше таа, можеби воопшто немаше да настапам – рече Александра тогаш со солзи и додаде:

– Мајка ми ја изгуби работата затоа што ме возеше секој викенд на натпреварот. Ја жртвуваше работата за мене, секако финансиски беше тешко, но тетка ми беше таму.
Ве потсетуваме дека Александра Пријовиќ моментално ужива во благословена состојба, а нејзиниот прв наследник веќе ќе добие друштво во септември, на свет ќе дојде сестричка.
фото:Instagram printscreen/aleksandraprijovic







