Радио Милева тага и разочарување

Александра Пријовиќ губи голема фан-страница со 80.000 следбеници: Девојката што ја водеше и кажа збогум

Александра Пријовиќ губи голема фан-страница со 80.000 следбеници: Девојката што ја водеше и кажа збогум

Александра Пријовиќ изгуби една од своите најголеми фан страници на социјалните мрежи, која имаше 80.000 следбеници.

Девојката што ја водеше странецата проговори, како што вели, за последен пат.

Како што тврди таа, Александра ѝ забранила да ја тагира во објавите.

– По шест години поминати на овој профил, со тага и разочарување сфаќам дека дојде време да се повлечам. Шест години вложував емоции, внимание и време затоа што ми значеше нешто, поради што ми е особено тешко да признаам дека нема смисла да останам. Кога Александра ми забрани да ја тагирам на содржини што ми донесоа радост, сфатив дека повеќе не сум посакувана тука. Таа одлука многу ме повреди и навреди. Не ми е лесно да го напишам ова затоа што сè уште носам убави спомени, но не можам да го игнорирам тоа чувство. Верувам дека сега е најдоброто решение да се повлечам. Си заминувам без омраза, но и без враќање. Ви благодарам на сите за сè, никогаш нема да ве заборавам, но ова е моето збогум. Александра засекогаш ќе биде дел од мене и моето срце – рече обожавателката.

Foto: printscreen/instgaram/aleksandra_priijovic

To top