Пејачката Александра Младеновиќ купила стан за половина милион евра во Белград, а сега откри како успеала да заработи толку пари.
Александра Младеновиќ отворено проговори за својата заработка, откривајќи како успеала да заштеди за стан.
– Вчера патував 12 часа до местото на настапот и исто толку време враќајќи се. Сменив два авиони. Мислам дека заслужив колку се мачев и колку се мачам и работам за да си дозволам стан. Ваков стан може да се добие со многу труд и инвестиција. Се’ заработив сама и горда сум на тоа.
View this post on Instagram
Александра ужива во среќна врска со своето момче Дарко, со кое често го пие утринското кафе во тој стан.
– Најважно е што почувствував мир со него, што е повеќе од доволно за почеток. За првпат семејството е презадоволно од мојот избор, а и јас сум задоволна. Тоа е најважно – изјави пејачката во „Премиера“.
View this post on Instagram
Александра Младеновиќ откри дека поради емотивни бродоломи посетила естетичар и ги зголемила усните.
– Имав емотивни проблеми и во целиот тој хаос ги напумпав усните. Потоа во одреден момент, кога малку созреав, се вратив да го извадам сето тоа. Тогаш бев навистина емотивно уништена и немав потреба, но така се смирив. Беше тоа младешко-лудост, а сега сум смирена – неодамна призна пејачката.
фото:Instagram printscreen/ aleksandra_mladenovic_