Александар Митевски е долги години на естрадната сцена. Уште од тинејџерски денови. Како соло како пејач, автор, продуцент во неговото студио, а последниве шест години и како дел од популарното по дуо Александар и Дац, заедно со познатиот актер Драган Спасов.

Токму обајцата годинава на прославата на 18-иот роденден на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ ја добија и наградата за најпопуларно дуо, односно најдобар музички состав во 2025 година. Една од портокаловите ѕвезди заврши во нивни раце, а тие ветија дека продолжуваат со нивната мисија… Да шират љубов и позитивна енергија, преку нивните песни и музика, се разбира!


Но за една половина од познатото дуо тоа не беше најглавната награда тековнава година. Александар Митевски е женет човек, чиј брак успешно опстојува четврт век. Цели 25 години заедно во брак без маана со неговата сакана сопруга Ана!

Плод, а и круна на нивната љубов се нивните деца, двете ќерки, две прекрасни убавици. Токму заедно со нив, целото семејство славеше јубилеј…


На заедничка семејна фотографија темелот на брачната заедница – брачната двојка Митевски заедно со ќерките Ања и Мања – нивната „семејна надградба“… Александар и Ана – 25 години заедно за „сребрена свадба“! Нека е со среќа!
Фото: Инстаграм/dac.aleksandar







