Охриѓанецот Александар Јосифовски се прослави во шоуто „Ѕвездите на гранд“, а иако не ја однесе победата од сезоната 22/23 Александар заврши на второто место иако според многумина беше вистинскиот победник.
„Ѕвездите на Гранд“ е ултра актуелно регионално музичко шоу, особено сега кога треба да се случи финалето и да се избере нов победник.
Македонија лани ја однесе победата со струмичанката Славица Ангелова, а годинава имаме тројца кандидати во трка: Мелиса Зијадиќ, Андријана Петрушовска и Мики Секуловски. Мелиса и Мики од тимот на Цеца, додека Андријана е единствената кај Мили.
View this post on Instagram
Александар Јосифовски претходната сеозна важеше за еден од најоригиналните и најавтентичните кандидати кој носеше рокерска енергија на сцената.
View this post on Instagram
Сега пред финалето, Александар го искажа своето мислење, односно акцентираше кој е неговиот фаворит за победа од оваа сезона.
Јавно нагласи и побара поддршка за Андријана Петрушовска со која своевремено беа во тимот на Ѓорѓе Давид.
View this post on Instagram
Јосифовски ја означи својата поранешна конкурентка, колешка и пријателка од своите „стори“ објави, а со тоа нагласи дека таа е неговиот фаворит за победа.
Како и што ќе се случи останува да видиме и дали прогнозата на Александар ќе биде погодок.
фото:Instagram printscreen/ alexandarjosifovski