Промотер

Александар Јосифовски и неговата мајка Елизабета во најновата песна – „Стара мајка“ посветена на неа и сите мајки (ВИДЕО)

Александар Јосифовски и неговата мајка Елизабета во најновата песна – „Стара мајка“ посветена на неа и сите мајки (ВИДЕО)

Македонскиот рок пејач Александар Јосифовски, кој стана познат по учеството и успехот во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, го промовираше своето најново дело — песната „Стара мајка“, отпеана на српски јазик заради регионалната кариера на пејачот, а официјално издадена преку Гранд продукција е комплетно авторство е на Јосифовски.

Оваа песна, Александар ја посветува на неговата мајка, Елизабета Неданоска‑Јосифовска, и самата фолк-пејачка и инспирација за започнување на неговата музичка кариера. Песната е искрена и емотивна благодарност до мајката. Неговата мајка отсекогаш била негова најголема поддршка и поттик, посебно во најтешките и највозбудливи моменти, на сцената на „Гранд“, кога Александар се бореше за своето место под Грандовото ѕвездено небо.

Музичкиот видеоспот за „Стара мајка“ е засилен со емоционална визуелна приказна, во главната улога настапува токму неговата мајка, која глуми во спотот и симболично ја задржува тесната врска помеѓу реалноста и емоцијата во песната. Ова ја прави продукцијата уште подлабока и топла, како гест на љубов и почит, редок и искрен во современата сцена.

За таа поврзаност и посветеност Александар на својот Фејсбук профил вели – Со голема чест и уште поголема емоција ви ја претставувам мојата нова песна – „Стара мајка“. Инспирирана од мојата мајка – жената што ме роди, ме воспитуваше со љубов и ми ја подари музиката како животна сила. Во видеото глуми токму таа – мојата мајка, која е и самата пејачка.

Оваа песна е мојот начин да ѝ се заблагодарам за сѐ што ми даде, особено за тоа што ми ја всади љубовта кон музиката. Гледајте го спотот, слушнете ја песната, и почувствувајте ја приказната. Ова е песна за сите мајки. За љубовта што не старее.

Спотот е изработен во црно-бела, поточно таканаречена сепија техника, богат е со симболи, традиционални мотиви и сцени кои прикажуваат македонскоти белези, не само преку пејсажите, туку и преку симболиката која ја има во взаемната врска помеѓу мајката и детето.

Овој тип на интеграција на локални елементи во популарната музика има за цел да ја истакне автентичноста и богатството на македонската културна традиција, а истовремено да го направи тоа прифатливо и за пошироката публика.

Со „Стара мајка“, Александар Јосифовски потврдува дека музиката може да биде повеќе од шоу, дека може да биде интимна, лична и силна порака до оние кои за нас се жртвуваат во животот. Преку текстот кој го напиша Александар и нејзиното појавување во спотот, песната станува симбол на љубов и благодарност кон сите мајки.

Александар Јосифовски кажа дека наскоро песната ќе биде препеана и на македонски јазик, а дотогаш уживајте во актуелната верзија содржана во видеото во продолжение…

To top