Охриѓанецот Александар Јосифовски кој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, неодамна сподели дека ќе стане татко за првпат.
Кај Александар животните промени се случуваат наголемо. Најпрвин се разведе, па реши дека треба да се пресели и родниот Охрид да го замени со Белград, а исто така и да си ја најде сродната душа со која започна ново поглавје.

Ана Павиќ е неговата нова партнерка која од неодамна ја претстави и јавно, а пред неколу недели открија и дека очекваат принова- девојче.

Ако претходно беше резервиран да покажува детали од приватноста, сега охридскиот рокер со белградска адреса, редовно почна да открива детали од своето исполнето секојдневие со саканата Ана.
Деновиве го обележаа и денот на славата Св. Архангел Михаил, прилика повторно да ѕирнеме во домот каде покрај трпезата во фокус беше бремената Ана елегантно скоцкана во црн фустан.

За потсетување, Александар Јосифовски по осум години заеднички се разведе од сопругата Теодора и доста брзо започна се’ одново кога љубовниот статус е во прашање. Очигледно убавите нешта за него и идната мајка на неговото дете, допрва следат.
фото:Instagram printscreen/alexandarjosifovski







