Славиша и Тијана Чуровиќ, актерскиот брачен пар кој своевремено донесе одлука да стави крај на својот брак, предизвика огромно внимание во медиумите.
Токму поради тоа, убавата актерка сподели заедничка фотографија на Инстаграм, а потоа за магазинот „Story“ потврди дека љубовта меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг повторно се роди.
Всушност, љубовта никогаш и не исчезнала, не можеше така лесно да се заборави сè што двајцата заедно преживеале. Сепак, проблемите и недоразбирањата направија значењето на позитивните емоции да се намали.
Сега, кога сè што било лошо е надминато, Тијана и Славиша уживаат во врска полна со разбирање.
Актерскиот пар научил од своите грешки и најверојатно нема да ги повтори, ако не заради себе, тогаш сигурно заради ќерката Таја, која е најсреќна поради тоа што семејството повторно е заедно.
Многумина помирувањето на Славиша и Тијана Чуровиќ го гледаа како невозможен и кревок процес, како скршена вазна што не може повторно да се состави, но емотивните партнери докажаа дека овој пат планираат да останат заедно до крајот на животот.
Новата енергија е дефинитивно присутна, а драмската уметница со своите следбеници на Инстаграм сподели дека стана една година постара.
фото:Instagram printscreen/ tijana_curovic