Радио Милева кармата не заборава адреса...

Актерот не ја спомна по име, ама затоа со јавна беседа ја прозва личноста што зад грб „му копа јама“: Кому му е „трн во око“ Тони Михајловски и зошто? (ФОТО)

Актерот не ја спомна по име, ама затоа со јавна беседа ја прозва личноста што зад грб „му копа јама“: Кому му е „трн во око“ Тони Михајловски и зошто? (ФОТО)

Ако си успешен во професијата и воопшто во животот, биди убеден дека ќе имаш мноштво пријатели и двојно повеќе непријатели. Од оние првите, само грст се вистинските, додека останатите се тука “со рок на траење“.  Само заради сопствен интерес, додека им требаш… Непријателите отсекогаш сакаат да ти го симнат скалпот, да те турнат од тронот, ама ти тоа го знаеш, па од далеку се пазиш, се штитиш и чуваш од нив, зашто знаеш што ти мислат. Пострашни се пријателите… Оние кои барем мислиш дека тоа ти се, а всушност не се… Туку се „волци во јагнешка кожа“.

Впрочем и старата поговорка вели: „Господе чувај ме од пријателите, од непријателите сам се чувам“!

Затоа најстрашно и најболно е сознанието кога ќе разбереш дека токму „пријателот“  ти забил нож во грбот! Дека оној што си го чувствувал за близок и свој, си му се доверувал, споделувал информации и сознанија, е токму тој што довербата ја злоупотребил и те предал. Искодошил, наместил, измамил… Пробал да те уништи, од само нему познати причини. Таквите искуства се токму најболни!

А токму едно такво му се случило на познатиот македонски актер Тони Михајловски, кој последниве години стана се’ попопуларен и попознат и во регионот, добивајќи улоги да игра во разни ТВ серии и филмови во соседството, рамо до рамо со најголемите регионални актерски имиња.

Веројатно шокиран, изненаден и длабоко навреден од сознанието дека колку до вчера нему блиска личност всушност зад грб „му копала јама“, Тони Михајловски реши јавно да ја прозве!

Не сакал да и го спомене името иако од неговата јавна беседа се гледа дека е во прашање женска личност, колешка… Ако е навистина така,  од она што го напишал во споделениот статус на социјалните мрежи, косата се исправа и кожата ја ежи!

Кому и зошто Тони Михајловски му е „трн во око“  засега не сакаше јавно да открие, но оние што се во потесниот круг на негови и пријатели и непријатели, добро знаат за кого се работи!

 

Фото: Фејсбук и Инстаграм/toni.mihajlovski

 
To top