Радио Милева нови навики, нов изглед

Актерот кој глумеше во „Тома“ некогаш имал 103 килограми, трансформацијата неверојатна (фото)

Актерот кој глумеше во „Тома“ некогаш имал 103 килограми, трансформацијата неверојатна (фото)

Милан Мариќ е познат како еден од најдобрите фраери на српската јавна сцена, а таа титула ја доби благодарение на значителен труд.

Имено, Мариќ долго време имал проблем со вишокот килограми, а ги изгубил поради потребите на снимањето на филмот „Тома“.

„Како почна и како е сега“ – напиша неодамна Милан на Твитер со две фотографии на кои се гледа неговата трансформација.

Инаку, тој еднаш откри како успеал да ослаби 21 килограм.

– Промената на тежината не е само слабеење и купување нови работи, туку промена на вашиот ум и став кон вашето тело. Тоа не е телото на кое сте навикнати, потребен ви е период на адаптација. Не само што е тешко да се здебелиш, туку и кога ќе ослабеш многу, тоа слабеење влијае на тебе – изјави актерот за Блиц.

фото:Instagram printscreen/ eugensmesni

To top