Лице в лице

Актерката и стенд ап комичарка Надица Петрова во „Ништо лично“: „Да не беше квизот на Лила, стенд ап комичарка ни јас не би била“ (ВИДЕО)

Актерката и стенд ап комичарка Надица Петрова во „Ништо лично“: „Да не беше квизот на Лила, стенд ап комичарка ни јас не би била“ (ВИДЕО)

Таа е македонска актерка и стенд-ап комичарка која е родена во Неготино, а веќе 18-та година живее во Скопје, беше гостинка кај Антонио Димитриевски во последното издание на интер ток шоуто „Ништо лично“. 

Студирала два факултета , Технолошко – металуршки кој никогаш не го завршила и на приватната академија ЕСРА каде завршила гчума, но никогаш не добила можност да се вработи и да застане на сцената на некој од државните театри.

Затоа пак сос еден свој колега од студиите го оформила својот приватен театар „Златен елец“ во кој и ден денес игра, а птоектот успешно функциониртра веќе пет години. Нејзината прва монодрама, по игра на случајноста ќе прерасне во своевиден стенд ап, па актерката се повеќе ќе станува позната по ваквите своите настапи со „One WoMan Show“   и подоцна со „Не се се курчи“.

Но вистинска експанзија ќе доживее однеодамна со нејзините куси видеа и ријалси на Инстаграм, каде ликовите од стендапот ги визуелизира ставајќи ги во различни животни ситуации. Три немажени девојки од три различни града, секоја  „полна со себе“, умислена дека е најдобра, најубава и најпаметна, а всушност… се далеку од тоа. Па така Нада од Куманово е самобендисана до балчак, Надето од Битола е разгалена до „зла Бога“, а Натчето од Кавадарци е „горда алкохоличарка“ која не сака да си го признае тоа.

За трнливиот пат до диплома во професијата која отсекогаш ја сакала, за обидите да се запосли во некој од државните театари, кои до ден денес останале само на обиди, за идејата создавање сопствен театар и неговото необично име, за искуството во МТВ како репортер, за тоа како комисијата за прием при аудицијатана конкурс за вработување во театар и отворила очи дека е талетирана за комичар, за тоа како монодрамата станала стенд ап, а  да не биле ликовите од квизот на Лила ни стенд ап претставата не би била,  за настапите по домовите на културата и некултурата при стенд ап изведбите по локалите и кафулињата, за коментарите на социјалните мрежи…

За ракијата, леќата и мекиците на мама, за љубовта и благодарноста, за врската со Грк и нејзиното патриотско раскинување… И уште мноштво други нешта што никаде не сте ги сретнале и чиле, ниту пак ќе дознаете на друго место нешто слично како во „„Ништо лично“ – интер ток шоуто со Антонио Димитриевски во чие  најново издание гостуваше македонската актерка и стенд ап комичарка Надица Петрова.

Ако сте ја гледале премиерата која оди секоја СРЕДА, во 20 часот на  YouTube каналот на КурирМК (овој поткаст сигурно ќе го гледате барем уште еднаш. Но доколку сте ја пропуштиле, погледнете го интер ток шоуто кое ви ја открива помалку познатата страна на личноста на симпатичната и шармантна Неготинчанка.

 

 

To top