Елена Стојановска, познатата водителка, заедно со сопругот Огнен Јанковски неодамна го одбележаа роденденот на нивната ќерка Илина. По тој повод, двојката си приреди ексклузивно патување на егзотична дестинација, каде уживаат во мирот и убавините на рајот.

Од кога пристигнаа на одмор, Елена почесто се огласува на социјалните мрежи, споделувајќи моменти од луксузниот престој.

Последната објава особено привлече внимание – водителката објави неколку секси фотографии каде позира влажна на SUP даска, носејќи бикини и бела маичка. Во тој момент, таа покажа совршени облини и исончан тен, пишувајќи во описот: „Ако рајот имаше адреса“.

Дополнително, Елена ги воодушеви фановите со фотографии во црно бикини, покриена со проѕирна наметка, додека вози велосипед на оваа волшебна локација.

Во секој кадар изгледа како тинејџерка, докажувајќи дека не старее. Објавата собра допаѓања и комплименти од фановите, кои се согласуваат дека Елена Стојановска никогаш немала помладешки и поосвежен изглед.

Foto: print screen/Instagram



