Козјак- врвот на планината Бабуна, неопислива природна убавина од која некој дошол на паметна идеја да развива туризам и тоа алтернативен преку објект навидум игло, но не од мраз, туку од стакло.
На надморска височина на повеќе од 1.700 метри со панорамски поглед кој го одзема здивот, иглото на Козјак за романтичен викенд го избраа Тамара Тодевска и нејзиниот партнер Лука.
Незаборавното искуство од романтичниот викенд беше резервирано само за нив двајцата и никој друг.
Најпрвин, барем од моментите кога почнаа да објавуваат „стори“ на Инстаграм беше здравицата со вино и стартер од сирења и месо, поглед во далечина, а потоа и љубов под ѕвездите, па друго и не им беше потребно.
Сами во постела, од креветот кој им донесе приказна за љубов под облаците која заборав нема.
А утрото пак со нова енергија, првин под туш со поглед, а потоа и сончање на голема височина како ниедно досега.
Фотографиите веројатно беа само мал дел од она што Тамара и Лука вистински го доживеаја.
Сигурно многумина ќе ја посакаат истата романтична авантура особено вљубенците во алтернативните понуди како оваа.
фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska