Радио Милева прекар битолски...

Не е струмичка, каменичка е, ама е за машала: Еве зошто Снеже Велков да беше од Битола, ќе се викаше Јордан!

Не е струмичка, каменичка е, ама е за машала: Еве зошто Снеже Велков да беше од Битола, ќе се викаше Јордан!

Снеже Велков е со години на ТВ екраните и изгледа речиси исто… Можеби затоа што со години е веган?! Што би рекле, не јаде храна од животинско потекло. Но, не затоа што е тренд и мода, не од етички причини или затоа што е аздисана.  Туку од здравствени причини!

Затоа мора да внимава што и каква храна во себе внесува, од какво потекло, ама и од какво производство е истата. Растителна мора да биде секако, ама уште ако е и органска – е тогаш е за петка!  Затоа домашното, природно, непрскано е најдобро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Арно ама Снежето по потекло не е струмичка женска, туку каменичка девојка. Што би рекле по завршувањето на основното образование ннејзиното семејство од Македонска Каменица се сели во Скопје.  А во престолнината баш органска храна и не вирее. Ама затоа, во Каменица… Не,  не е малото рударско гратче богато само со руда. Напротив, како што расте зеленчук во Македонска Каменица, не расте ни во Струмица. Особено пиперка!

Дека каменичката е поголема и подолга од струмичката покажа и самата ТВ водителка. Откако сподели фотографија со корпа тазе набран зеленчук – домашно производство, органско,  токму од нејзината последна реколта, Снеже Велков се пофали со димензиите на каменичката пиперка, која Бога ми е за машала!

Потоа водителката ги повика познатите битолски комичари, јутјубери, поткастери, што ли ќе се, Мими Марковски со Југото и оној другиот познат под прекарот Кумбата, да и потврдат дали после ова Снеже да беше битолчанка, ќе го добиеше прекарот од фотографијата?

А овие двајцата, како што ги дал Господ чешити, веднаш и вратија, дека може прекарот ќе и беше и комитски, војводски – Јордан! Од војводата Јордан Пиперката!

Арно ама, малкумина забележаа дека во корпата на несудената „војводка од Каменица“, освен пиперки, имаше и троа домати, а Бога ми и мноштво краставици!

Оттаму и дилемата, каков ли битолски прекар ќе добиеше русокосата убавица, ако наместо пиперка, во раката држеше каменичка краставица?

Фото: AI-Chat GPT/Инстаграм/velkovsneze

To top