Погребот на Анастасија, ќерката на поранешната ријалити учесничка Невена Хот, ќе се одржи во четврток, 23 јули 2026 година, во 12:00 часот на гробиштата Збег, додека опелото ќе започне во 11:30 часот.
Таа трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Борча кога автомобилот со кој управувала се превртел на кров, оставајќи ја јавноста во шок, а нејзината мајка скршена од тага.
Невена постојано се огласува на социјалните мрежи каде што ги сподели деталите за последното испраќање, но истовремено побара и малку разбирање од луѓето.

– Погребот на мојата ќерка Анастасија ќе се изврши во четврток, 23 јули 2026 година, во 12 часот на гробиштата Збег, со почеток на опелото во 11.30 часот – напиша таа на Фејсбук.
За потсетување, трагичната сообраќајна несреќа се случи околу 1:30 часот по полноќ во белградската населба Борча, кога автомобилот марка „Фиат“ со кој управувала 23-годишната Анастасија излетал од патот, силно удрил во бетонски столб и се превртел на покрив. Со неа во возилото била и нејзината другарка Д.Н., која се наоѓала на соопатувачкото место. По несреќата, двете девојки биле итно пренесени во Ургентниот центар во Белград, но Анастасија набрзо им подлегнала на тешките повреди.
фото:instagram printscreen/Nevena Hot/Facebook/ Donna Donna





