Радио Милева свршенички викенд

Тројца македонски ракометари викендов ги запросија своите сакани: Три свршенички прстени во рака наместо топка и три судбоносни „ДА“!

Тројца македонски ракометари викендов ги запросија своите сакани: Три свршенички прстени во рака наместо топка и три судбоносни „ДА“!

Додека јавноста ги следи нивните игри и голови, победи и спортски успеси, тројца познати македонски ракометари викендов одиграа сосема поинаков натпревар – оној за љубов до крајот на животот!

Викендов љубовта беше посилна од секоја спортска радост зашто македонските ракометари Мартин Серафимов, Иван Џонов и Дејан Кукуловски покажаа дека најважните победи не се освојуваат само на теренот, туку и во срцето.

Додека многумина уживаа во летниот одмор покрај морето, тројцата спортисти решија да го направат најголемиот животен чекор и да ги запросат своите избранички на романтични локации кои изгледаат како сцени од љубовен филм.

Првиот што го кажа своето големо „сега или никогаш“ беше поранешниот македонски репрезентативец Мартин Серафимов. Тој на плажа во Грција ја запроси својата сакана, поранешната ракометарка Јана Калајџиевска. Со морето во позадина, зајдисонцето над хоризонтот и прстенот во рака, Мартин го поставил прашањето кое секоја девојка сонува да го слушне, а Јана без двоумење одговорила со судбоносното „ДА“.

Не помалку романтичен бил ниту македонскиот репрезентативец и ракометар на Алкалоид, Иван Џонов. Тој ја побарал за сопруга својата долгогодишна девојка Марија Димитровска, а емотивните фотографии од моментот веднаш ги преплавија социјалните мрежи. Насмевките и солзите радосници зборуваат повеќе од илјада зборови.

Третиот што викендов „капитулираше“ пред љубовта е младиот ракометар на Ресен, Дејан Кукуловски. Тој на романтична плажа ја изненади својата сакана Анастасија Бошнакоска и пред неа клекна на колено со прстен во рака. Одговорот бил токму оној што го посакувал – големо и искрено „ДА“.

Очигледно, ова лето не е резервирано само за сонце, плажи и одмори, туку и за љубовни приказни кои ќе завршат пред матичар. Тројцата ракометари покажаа дека знаат да погодуваат не само во противничката мрежа, туку и директно во срцата на своите избранички.

За само еден викенд паднаа дури три запросувања, а љубовта дефинитивно победи со убедлива разлика! Македонските ракометари покажаа дека знаат да бидат подеднакво успешни и кога наместо топка во рака држат веренички прстен.

 

На Мартин и Јана, Иван и Марија, како и на Дејан и Анастасија им посакуваме многу љубов, среќа и незаборавни моменти до денот кога ќе го изговорат и второто најважно „ДА“ во животот.

Фото: Инстаграм

To top