Мегафон „Алумни“...

На „Охридско лето“ вечерва концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност

На „Охридско лето“ вечерва концерт по повод 60 години Факултет за музичка уметност

Во рамки на музичката програма на годинешното 66. Фестивалското издание, вечерва на „Охридско лето“ ќе се одржи „Алумни“ концерт, со што ќе бидат одбележани 60 години од основањето на Факултет за музичка уметност при Универзитетот „Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во прекрасната акустика на катедралната црква „Света Софија“ ќе настапат уметниците Kатерина Костадиновска – Гелебешева, Глигор Гелебешев, Кристина Светиева, Милена Арсовска, Весна Гиновска Илкова, Златко Мадевски, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Надица Ристиќ – Симовиќ, Дарко Багески и Јанинка Навчева.

На програмата се дела од Морлачи, Пуланк, Лист, Лалие, Белини, Верди, Фон Супе, Хачатурјан и Пијацола.

Почетокот на концертот е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Фото/„Охридско лето“

To top