Мегафон фестивалски претставници

Ана Петановска и Мартинијан Кириловски ќе бидат наши претставници на „Бисер Јадрана 2026“

Ана Петановска и Мартинијан Кириловски ќе бидат наши претставници на „Бисер Јадрана 2026“

Македонските пејачи Ана Петановска и Мартинијан Кириловски ќе бидат македонските претставници на третото издание на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот“, кој ќе се одржи на 18 јули во Тиват, Црна Гора.

„По тримесечниот конкурс, на кој пристигнаа 164 песни, селекциската комисија избра 25 што ќе се натпреваруваат во финалната вечер. Меѓу нив се најдоа и двајца македонски пејачи“, кажа директорот на фестивалот Бојан Делиќ.

Петановска ќе настапи со песната „Под нозете“ заедно со српската пејачка Наташа Михајловиќ, а Кириловски ќе ја пее песната „Сирена“.

Покрај македонските претставници, ќе настапат и повеќе регионални пејачи, меѓу кои групата „Регина“ од Босна и Херцеговина, хрватскиот пејач Игор Цукров и црногорската пејачка Милена Вучиќ.

To top