По речисиедна и пол година, најпознатата инфлуенс љубовната идила на двајцата млади ликови од социјалните мрежи, особено од Инстаграм, токму таму и заврши. И тоа со официјална објава, склопена и потпишана од обете страни уредно: „Ние повеќе не сме заедно!“
Љубовта на нфлуенсерската двојка Александар Динев и Ева Јовановска или попознати како Динев и Евче всушност уште пред 4 месеци престана да тече. Тоа го зборуваше целата чаршија, естрадно-инфлуенсерските кулоари, ма речиси сите што се во т.н. шоу-бизнис знаеа дека нивната љубов свенала и повеќе не цвета.

Парот ескивираше јавно да ги коментира озборувањата и вешто ги избегнуваше одгоцворите на прашањата за нивниот однос и релација, иако како ден беше јасно дека повеќе не се појавуваат заедно како порано. Ниту на социјалните мрежи, ниту на патувањата, ниту во јавноста… Заедничките фотографии и видеа преку ноќ испарија, иако истите дотогаш редовно ги споделуваа. Исчезна речиси се што ги врзуваше , освен гласините дека нивната врска е завршена.

Следбениците, љубопитните, а „загрижените душегрижници“ само што не „скршија вилици“ прашувајќи се што се случува меѓу двајцата млади инфлуенсери, каде исчезна нивното заедничко присуство во јавноста!? Дали љубовта е „во офсајд“ на привремена пауза или љубовната приказна дефинитивно е окончана?!

И додека траеја претпоставките и нагаѓањата, дојде денот Александар и Евче преку заедничка објава на социјалните мрежи да ја потврдат разделбата. Иако многумина „глава даваа“ дека нивната љубовна идила е само чиста фарса во која инфлуенсерите само заради публицитет глумеа „љубовна сапуница“! Демек глумат две млади „вљубени гулапчиња“ за повеќе да креваат инфлуенсерска прашина, а со тоа полесно доаѓаат до заработка, подароци, патувања и одмори од нивните спонзори! Поедници дури оваа теза ја поткрепуваа со тоа што на посилниот пол од инфлуенсерската двојка му припишуваа поинаква сексуална определба.

Како и да е, Динев и Евче, повеќе не се тоа што беа или што сите мислеа дека се. Потврдата стигна јавно, со официјална обострана Инстаграм објава:


Засега обајцата не откриваат детали за причините за раскинувањето, а коментарите како по обичај поделени. Од пораки со поддршка и убави желби за во иднина, до оние другите, многу „попикантни“ – знаете веќе какви!
Фото: Инстаграм/aleksandardinev and _evce_





