Мегафон поткаст гостин

Тимчо Апостолов во „Ништо лично“

Тимчо Апостолов во „Ништо лично“

Тој е роден во центарот на Кавадарци, во куќа на самиот плоштад. Во родниот град ќе заврши основно и средно училиште, за потоа како добар матемачира и физичар да замине за Белград да студира на Електротехничкиот факултет – отсек електроника. Но како електро инженер, за жал или за среќа,  никогаш нема да работи во животот.

Знаците дека ќе се занимава со новинарство, а не со електроника, биле видливи уште во најраната младост. Уште во oсновното училиште „Димката Ангелов Габерот“ учествува во изработката на „ѕидните весници“, рецитира песни на школските приредби и глуми во драмските претстави. Потоа во гимназиските денови е редовен учесник на школските
приредби, пишува реферати за различни пригоди, па дури и подготвува прилози во Радио Кавадарци.

Уште на почетокот од своите студии во Белград почнува редовно да пишува во весникот на белградските академски граѓани „Студент“. Но неговиот бунтовнички дух
за малку ќе го чинел исклучување од факултетот.

Во 1968 година во Белград се случиуваат големите студентски демонстрации. Поради текстовите во кои се пренесуваа барањата на студентите и на авангардните професори за поголема демократија и борба против корупцијата и социјалистичките богаташи, „ Студент“ ќе биде  забранет. Но почнува да излегува „Црвениот Студент“ кој илегално се
печати. Тој како еден од новинарите и доброволци од демонстрантите ќе го носат под пазуви по факултетите, а на постојките го фрлаат во трамваите и автобусите и
веднаш бегааат. Откога ќе бидат уапсени главниот уредник и неколку други уредници, добива телеграма од загрижените родители веднаш да се врати во
Кавадарци. Но тој решава да остане во Белград и од безбедносни причини, наместо во студентскиот дом, ќе спие кај еден негов колега од Белград.

По ова искуство почнува да работи како хонорарен дописник од Белград на дневниот весник „Вечер“, а потоа да испраќам и текстови и за тогаш новата естрадно-телевизиска ревија „Екран“. Тоа ќе му овозможи средби и интервјуа со познатите артисти, пејачи и спортисти во тоа време како  Ѓорѓе Марјановиќ, Лола Новаковиќ, Боба Стефановиќ, Мија Алексиќ, Миодраг Петровиќ Чкаља, Миќа Орловиќ, Драган Николиќ… Првиот поголем текст за „Вечер“ ќе му биде интервјуто со Рајко Митиќ, легендарнот фудбалер на „Црвена звезда“ кој во
тој период е селектор на југословенската фудбалска репрезентација.

Подоцна добива  понуда да почне со работа во најтиражната илустрирана ревија во тогашна Југославија – „ТВ Новости“, но сепак носталгијата ќе преовлада и решава да се врати во родната Македонија, поточно во нејзината престолнина Скопје.

Тука, речиси најголемиот дел од својот новинарски стаж го минува во ревијата „Екран“, најпрвин како новинар, а потоа и како одговорен уредник.

Во тој период ќе ги иницира и  заедно со колегите реализираат манифестациите како  македонскиот „Поп Рок Фест“, „Изборот на артист на годината“, „Екран театар фест“, „Изборот на најдобар дискџокеј“, „Изборот за Мис на Македонија“, а исто така и првиот масовен пречек на Новата 1990 година на тогашниот Градскиот плоштад, денес плоштад Македонија во Скопје.


И покрај долгогодишното присуство на македонскиот пазар на еминентните ревии  како „ТВ новости, „Радио и ТВ ревија“, „Илустрована политика“, сепак, „Екран“ успева да има
просечен тираж од 40.000 до 50.000 примероци, а еден број ќе го достигне и рекордниот тираж од 105.000 примероци.


Откога „Екран“ ќе се приватизира, а набргу потоа и ќе згасне, сѐ до своето пензионирање ќе работи како уредник во првиот дневен економски весник „Бизнис“.

Во 1997 гдина добитник е на годишната награда на Редакцијата “Нова Македонија“.
Автор е на монографијата “Гордоста на Кавадарци“ во која се презентирани портрет приказните на 140 најуспешни личности и кпмпании од Општина
Квадарци.


Бил член на управните одбори на фестивалите и шеф на прес службата на “Макфест“, “Фолк фест Валандово“ и “Охридски трубадури“а исто така и претседател на жиријата за најдобра интерпретација на истите фестивали.

За својот живот, личните успеси и падови, средбата со маршалот Јосип Броз Тито, студиите и работата во Белград, за содржините и тиражите на најпродаваната македонска естрадна ревија на сите времиња – „Екран“, за уредувањето, изборот на теми, гостите и насловните страници, за иницијативите и реализацијата на идеите, за манифестациите кои оттаму ќе потекнат и ќе бидат најзначајниот дел во вреднувањето на македонската естрада, култура и субкултура и нејзините протагонисти…

За дружбата со ѕвездите, разбирањето и недоразбирања со познатите и популарните, за жирирањето на фестивалите, победниците и „губитниците“, за „златните времиња“ на македонското новинарство и дигиталната онлајн ера…

Екслузивно во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ како поткаст гостин кај Антонио Димитриевски, ќе зборува бардот на македонското естрадно новинарство Тимчо Апостолов.

Премиерата оди вечерва, СРЕДА,  03-ти јуни  со почеток во 20.00 часот,  ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (

 

To top