Џенифер Лопез докажа дека класичните парчиња никогаш не излегуваат од мода – особено кога станува збор за летни парчиња и бикини.
Џенифер Лопез важи за дама со стил и вкус, со префинет вкус за мода и трендови.

Таа ужива голема популарност и на социјалните мрежи, каде што редовно споделува објави од својот приватен и деловен живот.

Таа неодамна објави компилација фотографии за американскиот празник Ден на сеќавањето, на која се прикажани семејни моменти, а воедно и познатата Џеј Ло во бикини.

Како што можете да видите, поп дивата позираше во бело бикини со класичен крој. Ова летно „must-have“ модно парче ја истакна завидната фигура на Лопез, но и нејзините стомачни мускули, а со овој потег докажа дека класичните парчиња одговараат на секој тип тело.
foto: printscreen/instgaram/jlo






