Едина Муса, персонален фитнес тренер, основач и кошаркарски тренер, повторно ги освои социјалните мрежи со носталгична фотографија, овој пат од Америка. Со емотикон со насолзени очи, таа се потсети на своите денови на Универзитетот „Линколн Меморијал“ во лигата NCAA, каде беше цели четири години како кошаркарка.
Љубовта кон кошарката и фитнесот нејзе ја следи од детството, а овој период таа го смета за својот најголем успех.

Едина сега се присети на една фотографија која и буди спомени и одлучи да ја сподели на Инстаграм пред своите следбеници со кои им го задржа вниманието на сите. Муса се врати дванаесет години наназад и покажа како изгледала тогаш.

Инаку Фитнес тренерката еднаш изјави дека тој период од животот го смета за свој најголем успех, сепак нејзината љубов кон кошарката и фитнесот датира уште од мали нозе, а може да се пофали со светски успеси и на двете полиња.
Денес, со истата атрактивна појава што привлекуваше погледи и тогаш, Едина ги сподели спомените со следбениците, инспирирајќи ги да ги следат своите соништа. Фотографијата од колеџот покажува колку била млада и енергична Едина, готова за победа.
Foto: print screen/Instagram/edina_musa






