Мајчиното срце трепери од радост, среќа и убаво кога чедата свои ги ги гледа како растат, учат, чекорат по вистинскиот пат… а кога ќе покажет некаков успех или телет, тогаш убавото достигнува неописливо чувство.
На фолк пејачката Елена Велевска тоа чувство и како и е познато, најприн со ќерката Софија која неодамна славеше полнолетство, а сега талент за музика се повеќе покажува и најмалата, 12 годишната Калија.

Познато дека Софија е вокално надарена, но како минува времето, таа расте, а зрее и нејзиниот глас кој станува се подобар и музички школуван, што досега и неколкупати покажа јавно.
Убав пример од дада Софи, добива и малата Калија која сака да свири на пијано, а како што мама Елена изјави во една прилика, најмалата ќерка е особено дарбосана и има слух за сама да „ги лови“ тоновите и да свири по клавишите од пијаното.
Овој пат, Велевска објави и видео каде Калија свири на домашното пијано, а мама ужива да ја слуша и го документира тоа.
Дека Калија и Софија постојано се надградуваат и целат кон патот на уметноста од талентот наследен од мама, покажуват токму ваквите видеа со кои Елена се пофали на своие профили од социјалните мрежи.

Дали и бато Марко иако заесга е вљубен само во фудбалот ќе покаже некој сличен талент, останува на тоа времето да покаже, зашто со децата никогаш не се знае…
фото:Instagram printscreen/evelevska




