Ќерката на пејачката Драгана Мирковиќ, Мануела Бијелиќ, го добила името по Мануела Ѓуровиќ, која со својот брат Ненад Кострешевиќ некогаш била дел од популарното музичко дуо „Твинс“.
Драгана Мирковиќ се разведе од својот сопруг Тони Бијелиќ, со кого не живеше под ист покрив веќе три години. Од тој брак има две деца – синот Марко и ќерката Мануела, кои успешно ја одржуваа својата приватност и со години се држеа подалеку од очите на јавноста.
Мануела Ѓуровиќ и нејзиниот брат Ненад биле многу блиски со Драгана, со која често и соработувале.

Во тоа време, пејачката била толку воодушевена од љубезноста и искреното пријателство на Мануела што одлучила да ја именува својата наследничка токму по неа.
Foto: Instagram printscreen





