Ќерката на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, сподели фотографии од Севиља и предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Без ни трошка шминка, Анастасија воодушеви со својот природен изглед, а нејзиниот опуштен изглед привлече посебно внимание.
Таа позираше во лесни панталони и цветен топ со ниско деколте, кој го надополни со врзана машна.

Својот стајлинг го заокружи со дискретен златен ѓердан околу вратот и елегантна нараквица на раката.
Нејзиниот сопруг Немања Гудељ не остана имун на нејзиниот изглед, бидејќи во коментарите остави емотикон со срце и бубамара.

foto: Instagram/raznatovicanastasija







