Радио Милева приватен живот

„Не сме разделени“: Се дружи со поранешниот сопруг, а тој има девојка – Нивес изненади со признанието за фудбалерот (видео)

„Не сме разделени“: Се дружи со поранешниот сопруг, а тој има девојка – Нивес изненади со признанието за фудбалерот (видео)

Пејачката Нивес Целзиус, која редовно провоцира со жешки фотографии на социјалните мрежи, во подкаст проговори за својот приватен живот.
Таа се осврна и на својот поранешен сопруг, пензионираниот фудбалер Дино Дрпиќ, и откри дека иако повеќе не се во брак, тие функционираат хармонично, но и дека го смета својот бивш за свој најдобар пријател.

– Не сме разделени, скоро секогаш сме заедно, освен ако не сме на пат или тој е со неговата девојка. Функционираме одлично. Секако, кога поминувате многу време со некого, секогаш се појавуваат несогласувања, но до ден денес тој е еден од моите најдобри пријатели и сè уште го сакам неизмерно – рече Нивес во подкастот „Шоу на квадрат“.

Потоа таа откри што мисли за неговата нова девојка, со која Дрпиќ неодамна се пресели во соседството на неговата поранешна сопруга.

– Се познаваме по видување, не се запознавме добро. Прво, таа е прекрасна личност колку што можев да заклучам од неговите приказни, таа е одлична и со моите деца, особено со Таиша, која ја ценам многу. И второ, знаете колку е згодна, убава, како Моника Белучи – призна Нивес.

Патем, Нивес и Дино се запознаа во 2004 година, се свршија по само четири месеци врска и набрзо тајно се венчаа во Лас Вегас. Истата година, тие станаа родители на нивниот син Леон, а потоа ја добија и ќерката Таиша.

фото: printscreen/youtube/Večernji TV

To top