Пејачката Зорана Миќановиќ откажа планиран настап поради здравствени проблеми. Зорана неодамна ја прекина соработката со бендот што ја придружуваше на досегашните настапи, а вечерва беше принудена да откаже закажан настап во еден белградски клуб бидејќи има здравствени проблеми.

Откако клубот објави дека настапот на Зорана Миќановиќ е откажан и дека таа ќе настапи на 21 април, пејачката се огласи на Инстаграм.
„Драги мои, многу ми е жал што нема да се дружиме вечерва, но има нов датум. Ви благодарам за разбирањето“, напиша пејачката.

Патем, Зорана го коментираше крајот на соработката со бендот пред неколку дена за медиумите.
– Во секој бизнис е нормално соработниците да се менуваат, па така е и нашиот случај. Мојот претходен бенд и јас заеднички донесовме одлука да се разделиме. Како што рекоа, секој си оди по својот пат, со меѓусебно почитување и разбирање. Искрено им посакувам многу успех во нивните идни кариери и сум благодарна за прекрасните години соработка, спомените и сè што поминавме заедно – изјави таа за Блиц.
Да потсетиме дека Миќановиќ настапи со Дарко Лазиќ во Словенија пред четири дена, а за нивната средба зборуваше и по нејзиното враќање во Белград.
foto: printscreen/instagram







