Инфлуенсерката Луна Ѓогани сподели видео од својата нова боја на коса, покажувајќи дека повеќе не е русокоса, туку бринета.
Луна Ѓогани, која неодамна го прослави својот 30-ти роденден, одлучи да направи голема промена во својот изглед, збогувајќи се со својата препознатлива руса коса и целосно менувајќи го својот имиџ.

Имено, поранешната натпреварувачка во ријалити шоуа и инфлуенсерка посетила фризерски салон, каде што решила да ја обои косата во потемна нијанса, а сега е бринета.
View this post on Instagram
Освен што ја промени бојата, Луна доби и екстензија за коса, што дополнително го освежи нејзиниот изглед. Таа веднаш ја сподели новата фризура со своите следбеници на Инстаграм, а реакциите не изостанаа.

Под објавата се редеа воодушевувачки коментари, а многумина се согласија дека новата боја совршено ѝ стои. „Денес направивме нова фризура која сега е совршена“, напиша Луна во описот на видеото.
foto: printcsreen/instgaram/lunagjogani







