„Жено Вистинска” или “Nema me vise” – официјалната верзија на српски јазик, е најновата песна на Јоце Панов која ја здогледа светлината на денот со свој видео запис.

Зад нумерата се потпишани Демир Рама со своја музика, текстот е на Весна Малинова, додека аранжманот е на Панов.

Иако беше објавена само два дена пред големиот спектакл на Панов во Филхармонија, очигледно кај публиката поминува одлично, со оглед на тоа што се пееше во еден глас.

Она што ексклузивно го добивме како информација од ПР тимот на Панов за Вистина.ком.мк е дека веќе се во преговори за нови концерти низ Македонија. Очигледно Јоце започнува една концертна турнеја која ќе ја израдува неговата публика низ целата земја.
foto: ПР тимот на Јоце Панов/ Youtube







