Мегафон во спомен

Пет години од смртта на Зафир Хаџиманов

Пет години од смртта на Зафир Хаџиманов

На денешен ден во 2021-ва година, на 77-годишна возраст почина актерот, композитор, пејач, Зафир Хаџиманов.

Хаџиманов е едно од препознатливите лица на македонската и југословенската уметничка сцена со богатиот опус што го остави зад себе и беше најпознат македонски културен деец кој живееше и твореше во Белград и Србија. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да се занивама со музика и театар.

Во 1967 година дипломира глума на Факултетот за драмски уметности во Белград. Паралелно со студиите, настапува како пејач на забавната музиката и ги сними своите први два плочи, на кои е автор и на текстовите.

Има снимено голем број албуми и има одиграна главни улоги во неколку музички настапи. Има публикувано шест книги поезија, две прозни книги и три музички книги за деца.

Зафир Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци, Македонија.

фото:Facebook/Zafir Hadzimanov

To top