Пијалок кој дава свеж изглед.
Наместо скапи третмани, тајната за сјајна кожа и побрз метаболизам лежи во правилната исхрана и внимателно одбраните состојки. Затоа многу жени го сакаат пијалокот познат како „ботокс пијалок“. Тоа е природна мешавина која го стимулира производството на колаген и го подобрува тенот на кожата, што ги намалува брчките.
Рецепт за „природен ботокс“ пијалок
Состојки:
· 2 излупени портокали
· 4 моркови
· 3 см свеж ѓумбир
· 1/3 чаша вода
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки заедно. Пијте го напитокот еднаш дневно, идеално навечер, за да може телото максимално да ги апсорбира сите хранливи материи. За почеток, пијте го три пати неделно, а потоа постепено зголемувајте ја фреквенцијата. По само неколку недели, ќе забележите позитивни промени на вашата кожа и ќе се чувствувате подобро.
Како делува напитокот?
· Портокал – богат со витамин Ц, неопходен за производство на колаген, помага во одржувањето на еластичноста на кожата, ги намалува брчките и го враќа природниот сјај.
· Морков – содржи витамини А и Б, кои ги регенерираат клетките на кожата и го подобруваат тенот на кожата, додека бета-каротенот ја штити кожата од надворешни оштетувања.
· Ѓумбир – природен антиоксиданс ја подобрува циркулацијата на крвта, давајќи му на кожата здрав и свеж изглед.
Со редовно консумирање на овој пијалок, ќе забележите помазна, посветла и поздрава кожа.
извор:попара.мк
фото:Freepik







