Пролетта и официјално пристигна, а со тоа и денот што го слават брачните парови кој ја одбележува нивната прва годишнина од бракот или популарно наречените Младенци.
И додека едни едвај го одбележуваат, други го слават со толкава помпа како да прават реприза на свадбата, македонската инфлуенсерка, модел и горда сопственичка на моден бренд, атрактивнарта струмичанка Љупка Митрова своите следбеници и потенцијални клиенти за Младенци ги почести со таква еротско-модна возбуда која тешко се заборава.

Имено, Љупка Митрова заедно со, во последно време нејзиниот личен моден гуру и нешто повеќе од тоа – Сергеј Варошлија, снимија моден едиторијал кој наликува на еротски серијал, во видео кое се гледа со ширум очи отворени и тоа по неколку пати.

„Невестата“ како што е насловено е всушност еден вид уметнички спој на мода и еротска естетика спакувани во неколку минути, кои во старт ја будат страста која пак ги дразни сетилата кои во нивната волшебна игра ја доведуваат возбудата до ниво на сексуална катарза!

Ултрасексапилната Љупка во улогата на „перверзната невеста“ со својата толку реална игра ја крева температурата до ниво на усвитување, додека Сергеј Варошлија и неговиот партнер во видеото, машкиот модел Филип Додевски вешто ги менуваат улогите глумејќи од „расни пастуви“ до „интимни другари“, давајќи на целата приказна „мешовита димензија“!

Во видеото нема експлицитна голотија, што веројатно не била ни целта, но затоа има толку многу експлицитни сцени на сексуална симулација во различни пози, што на клипот му дава нота во која меката е на тенка граница со онаа, многу потврдата еротика…

Или барем очигледна асоцијација на истата, зашто инсинуацијата на сексуалниот чин или оралните сцени, па дури и оние со фетиш лижењето „јака штикла“ се полни со возбудлива понуда за различно сексуално определена публика.

Не само за онаа на која „вилицата и се кочи“ кога со широко ококорени очи ја гледа „невестата“, туку и онаа која има и поинакви сексуални афинитети, на која најдобро умее да ги потсети младоженецот заедно со неговиот пријател или можеби е кумот? Која и да е улогата во видеото, близината е евидентна…

Во двојка, тројка или во „чудна спојка – сеедно…

Се’ е така спакувано за да биде ултрапровокативно, надразливо и возбудливо!

Провокација заради добра реклама за она што можеби Љупка Митрова во својот моден невестински асортиман допрва ќе го понуди и продава или само онака, заради добра забава за себе и следбениците, останува допрва да видиме, а и оставаме сами да заклучите.

Во сето ова едно е забележително: Вистинскот зет го нема во видеото?!

Не сака да глуми, нема актерски способности како неговата невеста или сепак своите потенцијални можности ги оставил за она вистинското, како честитка за Младенци? Ако ве копка, прашајте ја Љупка!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/ljupka_mitrova






