Живот и стил

Дневен хороскоп: Вторник 14-ти Мај 2024 година

Дневен хороскоп: Вторник 14-ти Мај 2024 година

ОВЕН
Без многу усилби, реализирајте ги вашите идеи. Новите предлози ви ветуваат голем профит, особено доколку се поврзани со градежништво, трговија и ако сте се препуштиле на креативна активност. Реализирајте ги зацртаните цели со примена на нови методи и со привлекување нови партнери.

БИК
Во ваша полза е да бидете одговорни пред себеси, но и пред своите постапки и не очекувајте чуда овој месец, коишто ќе ве придружуваат и во следните, доколку имате намера да се подготвите за потпис по договорите што ве очекуваат. Никој специјално нема да ве покани во наредните денови.

БЛИЗНАЦИ
Стабилизирајте го она што сте го постигнале и не притискајте премногу за да добиете пофалби што не ги заслужувате. Не критикувајте. Нема смисла упорно и бесмислено да се стремите кон активни занимања. Преземете ги вашите нови задачи за да бидете мирни и подготвени да започнете следната седмица.

РАК
Ви претстојат повеќе разговори за решавање на парничните спорови, но ве советуваме да не ги спроведувате денеска. Нема да наидете на разбирање од никого и ќе се грижите, иако сте странката која е во право. На вашето работно место постојано сте во расправии со сите.

ЛАВ
Вашите напори се осудени на неуспех. Тешкотиите се предизвикани од вашите необмислени постапки. Расеани сте и нанесувате штета и на себеси и на вашите колеги. Сфатете ја причината за вашите грешки. Ако имате сопствен бизнис, откажете се од сериозни деловни разговори и потпишување договори.

ДЕВИЦА
Денот е многу добар и успешен за сите кои се зафатени со креативна професија, но бара внимание. Стабилизирајте го она што сте го постигнале на работното место и внесете ред во деловните односи, но без да покажувате агресија. Не треба да се обидувате да тргнете во нова насока само затоа што некој е лут на вас. Бидете одговорни за вашите должности.

ВАГА
Денеска сте во променливо расположение. Тое производ на неизвесноста, дали сте донеле правилна одлука за професионална промена. Немате причина да се грижите ако платата е поголема, но проверете ги уште еднаш условите. Успехот ќе ве следи. Денот ве изненадува со неочекувани финансиски придобивки.

ШКОРПИЈА
Ви претстои неочекуван, неповолен и стресен ден. Не се исклучени провокациите кои создаваат повод за конфликти со луѓе од вашето деловно опкружување доколку сте на работното место. Не патувајте. Без разлика на вашата неподготвеност да работите активно, вие сте задоволни од постигнатото и лесно жнеете успех.

СТРЕЛЕЦ
Повратете си ги самодовербата и спокојството. На работното место сте мирни и избалансирани, но може неочекувано да експлодирате. Обрнете внимание на сѐ што е поврзано со вашиот бизнис, доколку сакате да си гарантирате успех. Ако сакате да ја поминете вечерта надвор од вашиот дом, излезете со пријателите.

ЈАРЕЦ
Изненадени сте од неочекувани промени поврзани со пресврти во вашата финансиска состојба, кои нема да ви се допаднат, особено ако не ги почитувате забраните на судбината и избрзувате. Слушајте ги советите на вашите колеги за да избегнете финансиски загуби. Не дозволувајте зависност од партнерите. Не заборавајте на луѓето кои ви помогнале.

ВОДОЛИЈА
Денот ви ветува мир доколку си наметнете умереност и трпение. Луѓето околу вас се разговорливи и внимателно ве слушаат. Ќе ја добиете нивната поддршка преку која ќе можете да ги реализирате сите ваши планови за овој ден. Бидете внимателни со состаноците, затоа што имате тенденција да пуштате погрешни луѓе во вашиот живот.

РИБИ
Бидете внимателни на патот, доколку сте зад воланот. Комуникацијата е тешка и паричната казна ви е загарантирана поради вашата вечна желба да се расправате. На работното место успехот ќе ве придружува доколку не си дозволувате кавги. Вашите нови идеи, разговори под влијание на вашите соништа поврзани со подобрување на финансиската состојба нема да бидат плодни.

извор:netpres

To top