Александра Пријовиќ настапи за Денот на вљубените во Германија, а сега објави краток влог што го направи пред концертот на својот Инстаграм профил. Самата Александра истакна дека никогаш порано не направила нешто вакво, па можевме да ја видиме во појавување во кое не ја гледаме често.
Имено, влогот започна на аеродромот во шест часот наутро, а Александра беше снимена без ни трошка шминка на лицето и во широка тренерка преку која носеше палто.

– Спиев 45 минути, моментално е 6 часот наутро и се упатуваме кон Штутгарт на нашиот прв концерт за оваа година – рече Александра на самиот почеток од видеото. На почетокот, нејзиниот фризер беше со неа, а потоа во еден кадар можевме да го видиме и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ.

Александра во еден момент се снимаше себеси со фризерот и откри дека немала време ниту да појадува.
– Не ги затворив очите, сега ќе јадам хот-дог со виршла – рече таа во видеото.
Кога пристигнале во сместувањето, се одмориле, а потоа фризерот ѝ ја исушил косата додека таа лежела на креветот. Александра подоцна излегла на терасата и ја слушнала својата нова песна, а кога забележала дека ја снимаат, рекла: „Не снимајте, слушам нова песна“.

На самиот крај од влогот, Александра покажа како течеле подготовките за концертот, каде што блесна во црвена облека и сите велеа дека никогаш не изгледала подобро.
View this post on Instagram
фото: print screen/Instagram/Aleksandra Prijović







