Радио Милева море од грациозност, елеганција и достоинство

Шерон Стоун не можеше да ги скрие емоциите во Виена: „Како бајка“

Шерон Стоун не можеше да ги скрие емоциите во Виена: „Како бајка“

Американската холивудска актерка Шерон Стоун беше главна ѕвезда на 68-то издание на познатиот Виенски бал во Државната опера во Австрија.

Филмската икона пристигна на гламурозниот друштвен настан во придружба на австрискиот бизнисмен Карл Гушлбауер, познат во јавноста.

Сепак, вечерта беше емотивно интензивна за 67-годишната актерка и се расплака на балот во Виенската опера, вчера. Таа, притоа, накратко се вратила во својата хотелска соба, пред да седне во ложата на балот, потврдија организаторите.

– Ми дојде малку премногу. Оваа вечер навистина ми го одзеде здивот на најнеобично прекрасен начин – изјави ѕвездата за австриските медиуми.

Актерката потоа го пофали она што го опиша како чувство на единство и културна гордост на најзначајниот општествен настан во Австрија, нарекувајќи го „море од грациозност, елеганција и достоинство“.

Стоун се појави во раскошен фустан инспириран од стилот на виенскиот сликар од арт нуво, Густав Климт, дизајниран за неа од покојниот легендарен моден дизајнер Валентино.

Овогодишната свеченост на отворањето содржеше елементи од Бродвеј, вклучувајќи ја аријата „Марија“ и сцената на балконот од „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернстин. Балот се смета за водечки општествен настан во Австрија. Билетите чинат 410 евра, додека за премиум-пакетите се издвојуваат 26.000 евра. Околу 400 полицајци беа распоредени за обезбедување. На настанот присуствуваше и австрискиот претседател Александар ван дер Белен.

foto: printscreen/instagram/sharonstone

To top