Радио Милева срце на мама

По повеќе од 20 години врска, ТВ водителката Александра Јовановска и партнерот станаа родители, а сега таа направи нешто за кое ретко се одлучуваат тазе остварените мајки

По повеќе од 20 години врска, ТВ водителката Александра Јовановска и партнерот станаа родители, а сега таа направи нешто за кое ретко се одлучуваат тазе остварените мајки

Познатата македонска ТВ новинарка и водителка, авторка на музичкиот магазин „Стисни плеј“ и „Наш подиум“ на МТВ, се оствари како мајка пред скоро три месеци и на свет донесе здраво и живо машко бебе.

Малиот наследник го носи името Лука, па откако дојде на свет, фокусот на мама и тато е апсолутно само тој.

Иако бременоста ја криеше до последен момент од јавноста, тогаш радосната вест ја обзнани и самата на своите профиили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Сега откако пред неа како мајка стојат мноштво предизвици за и се’ околу едно мало човечко суштество, мама Александра направи исклучок од редовната пракса на се’ повеќе тазе остварени родители.

Сведоци сме сите дека новородените чеда, па дури и кога се потпркнати, родителите знаат да ги сокријат нивните лица, или пак воопшто да не ги покажуваат јавно преку социјалните платформи, ова најмногу важи за познатите.

Александра во случајов се реши на спротивното и на сите посака да им го покаже своето љубовче Лука.

Поради етика за (не)откривање на идентитетот на малолетници, ние остануваме доследни на нашиот медиумски кодекс, па Лука го „покривме“ со срценце.

Инаку, среќниот татко и партнер на ТВ водителката со кој таа заедно живее повеќе од 22 години е Ангел Здравковски, кој е исто така во музичкиот еснаф и е познат како ДЈ и музички продуцент.

Како ДЈ тој има и интернационална кариера, патувајќи низ целиот свет каде на познати дестинации има свои настапи со сетови од транс музика под уметничкото име Spirit Architect.

„Заедно пораснавме, се градевме и приватно и професионално. Секоја љубов е приказна за себе. За нашата можам да кажам дека е совршено надополнување, во кое секој има доволно слобода да биде свој и да не се претопи во другиот“ – зборуваше за својата долга врска со саканиот во едно свое интервју Александра Јовановска.

Сега со дфоаѓањето на свет на малиот Лука врската прерасна во вистинско „дуо-трио“ семејство.

фото:Facebook/ Aleksandra Jovanovska

To top