Радио Милева заборавил дека е биолошки татко...?

Кристина Димитри повторно пред камери на тема родителство, а во фокус екс- сопругот Даниел Кајмакоски (ВИДЕО)

Кристина Димитри повторно пред камери на тема родителство, а во фокус екс- сопругот Даниел Кајмакоски (ВИДЕО)

Кристина Димитри, познатата тетовчанка која од неодамна е бренд лице на Лото, повторно беше гостинка во ТВ емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков која по 10 месеци од последното гостување, повторно ја покани поранепната мисица меѓу соговорниците.

Овој пат, тема на разговор беше родителството, па Кристина во една од извдвоените видео објави на Инстаграм потенцира, односно зборува за односот на родителот, во случајот таткото и колку истиот се чувствува како таков.

Веројатно алудирајќи на екс-сопругот Даниел Кајмакоски со кого го има деветгодишниот син Давид, таа кажа:

-Таткото не треба да заборави дека е биолошки татко. Јас многу добро памтам со кого бев, но да, се’ е до родителот, изјави таа.

За потсетување, по навидум три години идиличен брак, поп-ѕвездата Даниел Кајмакоски и Кристина Димитри во 2019 ставија крај на бракот. Тој се прежени во Белград и стана татко на уште две деца.

Кристина пак, за односот на синот со таткото изјавуваше дека малиот наследник како најблиска машка фигура го има вујкото, односно нејзиниот брат.

-Давид е најсреќно и најсакано дете, кое е многу поврзано со мојот брат. Брат ми му посветува големо внимание, буквално се како двајца браќа. А мојата мајка го чува како мало ангелче. Ние четворицата функционираме одлично, фала богу, изјави таа во една прилика за „Женски магазин“.

фото:Instagram printscreen/nestokonkretno1/ kristina.dimitry

To top