Драган Б. Костиќ не е повеќе физички помеѓу нас… Бардот на македонското естрадно новинарство и особено радиоводителство и ДЈ-ство ненадејно не напушти пред самиот крај на минатата 2025 година. Семејството и македонската естрада му оддадоа почит достојна за една легенда, на комеморација оджана на 16 јануари 2026-та, во МКЦ – Скопје.

Со неговото заминување многумина беа убедени дека заминуваат и неговите емисии, неговото авторство преточено во култните наслови, меѓу кои секако и легендарниот „Диско селектор“! Го нема Б. повеќе нема да има ништо. И не дека делумно не се во право, зашто со ибез него ниакко не е исто, но не и дака се, зашто деновиве неговото семејство, поточнио неговата ќерка Елена Костиќ на својот Фејсбук профил објави дека и по заминувањето на идејниот творец и заштитно лице Драган Б. Костиќ, радио брендот „Диско селектор“ продолжува да живее.

Та во име на тимот на продукцијата во својата постирана објава споделила дека „Диско селектор“ останува активен и ќе продолжи да се развива преку своите официјални канали — Facebook, Instagram, како и преку официјалниот веб-сајт: www.diskoselektor.mk



„Драги пријатели и фанови на Диско Селектор,
По заминувањето на идејниот творец и заштитно лице Драган Б. Костиќ, радио брендот Диско Селектор продолжува да живее.
Со длабока почит кон неговата визија, креативност и неизбришлив придонес, ве информираме дека Диско Селектор останува активен и ќе продолжи да се развива преку своите официјални канали — Facebook, Instagram, како и преку официјалниот веб-сајт www.diskoselektor,mk
Континуитетот на брендот и сите идни активности ги презема тимот на продукцијата Диско Селектор, со цврста определба да се зачува автентичниот дух, препознатливата енергија и вредностите кои Драган Б. Костиќ ги вгради во овој проект. Оваа мисија останува наша трајна обврска и одговорност.
Воедно, ќе биде продолжена досегашната соработка со сите партнери, соработници и субјекти кои беа и остануваат дел од приказната на Диско Селектор. Стабилноста, меѓусебната доверба и професионалниот континуитет се темелите врз кои ќе се гради следната фаза од развојот на брендот.
Во периодот што следува ќе продолжи објавувањето на веќе реализираните серијали и изданија, како и нивното понатамошно продолжување и надградување. Посебен фокус ќе биде ставен на третото издание од серијалот „Заборави ако можеш“, посветено на UK Top 40 хитовите од 1995 година, кое се наоѓа во финална фаза пред објавување.
Ви благодариме за поддршката, довербата и почитта што континуирано ја давате.
Приказната продолжува — во негова чест, со иста страст и уште поголема одговорност.
Тимот на продукцијата“ – споделила ќерката на Драган Б. Костиќ.

Инаку 29-ти јуни 1974 е денот кога за прв пат пред педесет години била емитувана емисијата „Диско селектор. До своето последно официјално регуларно издание на брановите на македонското радио на 29 ти јуни 2014. Тогаш полни 40 години, на иста бранова должина, под исто име, со истиот водител, дотогаш сигурно најдолговечна емисија во Европа (а можеби и пошироко). Со (неверојатни) дваесетина измени на терминот на емитување. Со недогледна листа на гости, прозорец кон светот, кој стана поблизок и подостапен низ емитуваното во него. Диско селектот посочувал на квалитет, внимавал на јазикот, немал аверзија кон ниеден жанр и ги вбројувал во плеј листата, со цел за поцелосна информација, можност за споредба, но никогаш не наметнувал сопствено мислење. Иницирал низ своите рубрики нови емисии како: Заборави ако можеш, Хит, Пријатели добар ден (Гиго и Цветко), Радио урнебес, Чартфајл, Кавервил… И сето тоа со потписот и препознатливиот радиоглас на единствениот Драган Б. Костиќ.

Фото: Фејсбук/Elena Kostic/diskoselektor.mk






