Радио Милева слави јубилеј

„ Јас сум 50“ – Тијана Дапчевиќ го претвора секој момент во шоу (видео)

„ Јас сум 50“ – Тијана Дапчевиќ го претвора секој момент во шоу (видео)

Денес, 3-ти февруари, е роденденот на македонската пејачка, Тијана Дапчевиќ, која со стил ја започнува својата шеста животна деценија. Денешниот ден таа го слави не само со нејзината креативност, туку и со нејзиниот шарм со кој им е омилена на обожателите.

На социјалниот профил на Инстаграм на Тијана пристигнаа пораки, желби и срдечни честитки од фановите, колеги и пријатели. Меѓу најубавите беше таа од нејзината блиска пријателка Катарина, која во честитката сподели убава летна фотографија со неа, Тијана како и нејзината сестра Тамара.
Фотографијата, полна со сонце, насмевки и летна енергија, совршено го доловува нивното пријателство и топлата атмосфера што ја опкружува пејачката.

Во типичниот за неа опуштен и хумористичен стил, Тијана се огласи на Инстаграм со енергично видео по повод убавиот ден. Со насмевка и полн ентузиазам, таа изјави: „Јас сум 50!“, придружена со забавни движења кои веднаш ги освоија сите.

Видеото брзо се прошири по мрежата, предизвикувајќи смеа, лајкови и коментари – фановите ја пофалија за виталноста, но и за начинот на кој го претвора секој момент во шоу. Честитките продолжија да се редат цел ден, а Тијана повторно успеа да го привлече целото внимание со својата автентичност. Овој роденден не е само прослава на годините, туку потсетување за нејзиниот непроменет шарм, талент и позитивна енергија што ја инспирира целата публика.

Среќен роденден, Тијана – нека шестата деценија донесе уште многу убави моменти!

Фото: print screen/Instagram/tijana.dapcevic

To top